Полициски службеници вчера привеле тетовец поради извршување разбојништво во спортска обложувалница во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 13:40 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец А.А., поради сомнение дека претходниот ден извршил разбојништво во спортска обложувалница на улица „Цветан Димов” во Тетово, во која и се заканил на вработената со тврд предмет и одзел пари.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, посочуваат од МВР.