На повеќе локации во место викано Борула, Прилепско, вчера е спроведена координирана оперативна акција „Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми, соопшти МВР.
Приведени се И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42) сите од Прилеп, како и седум малолетници.
Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни, кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП „Национални шуми”.
По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 „Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.