На 6 август 2021 во 21.00 часот, на место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско, полициски службеници од Полициската станица Крушево ги лишиле од слобода М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19), сите од село Врбоец, крушевско, затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел, односно затоа што не ја почитувале целосната забрана на движење во шуми, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одребите на Законот за шуми по член 57 став 3, спротивно на член 106 став 4 „Движење во шума за време на целосна забрана“.