Полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Гази Баба денеска ги лишиле од слобода Ј.Н.(25) од с.Јурумлери и К.А.(23) од Скопје. Тие биле фатени непосредно по извршување на кривично дело тешка кражба на дрзок начин, при што од 77-годишна скопјанка одзеле личен накит.
Одделението за кривични работи Гази Баба поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство по член 236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик и двете лица се изнесени пред Судија на претходна постапка при што на Ј.Н. му е определен притвор, а за К.А. ќе бидат изречени мерки за обезбедување.