На 01.05.2022 во 19.00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Е.К.(20) и 17-годишник од Штип, затоа што биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“. Тие со употреба на сила влегле во објект на ул.„Брегалничка“ и одзеле повеќе предмети.
Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.