Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– По добиена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во дом и помошни простории во Кавадарци, каде двете лица престојуваат, при што се пронајдени и одземени таблети „екстази“, марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, соопштија денеска од МВР.

Лицата се приведени во ОВР Кавадарци, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен пријава по член 215 од Кривичниот законик.