Како што соопшти МВР, 15 казни се за прекршоци од возачи на мотоцикли, девет за возачи почетници, 27 санкции се изречени за управување без возачка дозвола.

– Изречени се и 31 санкција за возење под дејство на алкохол, 10 за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас, три санкции за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 56 санкции за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Министерството информира дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.