При претрес во патничкото возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки пронајдени се и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.