Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општината, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи.
Оттаму соопштија дека е известен јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против приведените лица ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од Кривичниот законик.
Како што потврдија претходно од Министерството за внатрешни работи за МИА, денеска физички бил нападнат градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими.
– На 13.09.2022 во 09:46 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа за МИА од МВР.