Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска на ул. „Јужноморавски бригади“ во Скопје го привеле И.М. (26) од Сингилиќ, кој бил барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување мерка притвор, а во врска со член 418 Б, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Најавија дека И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.