Пред ноќен клуб во Скопје, синоќа од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Б.Т (24) од Скопје кај кого е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и една дробилка со марихуана, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по документирање на случајот.