Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го привеле Д.Ќ. (45) од Прилеп, кој се барал за издржување казна затвор од една година.

– На 28.06.2022 на ул.„Борка Утот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.Ќ.(45) од Прилеп. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на казна затвор од една година, информираат од МВР.

Оттаму велат дека лицето било предадено во Казнено-поправната установа – Затвор Битола за издржување на казната.