Потпретседателката на САД, Камала Харис, се обрати до своите поддржувачи и им се заблагодари за поддршката, но и го призна поразот од новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Таа во обраќање им се заблагодари на семејството заедно со претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во нејзиниот говор на Универзитетот во Вашингтон.

До мојот сакан Даг и нашето семејство, те сакам многу. На претседателот Бајден, ти благодарам за вербата и поддршката. Горда сум на трката што ја истрчавме во 107-те дена од кампањата – рече таа и им се заблагодари на поддржувачите.

Потпретседателката Камала Харис во средата го призна својот пораз од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Моето срце е полно денес – полно со благодарност за довербата што ми ја дадовте, полно со љубов за нашата земја и полно со решителност – рече Харис на Универзитетот Хауард во средата.

Потпретседателкатат додаде: „Исходот од овие избори не е она што го сакавме, не е она за што се боревме, не е она за што гласавме. Но, слушнете ме кога велам: Светлината на ветувањето на Америка секогаш ќе гори светло.

Потпретседателката Камала Харис во својот говор рече дека иако ги разбира емоциите на нејзините поддржувачи, но напомена дека земјата треба да ги прифати изборните резултати, пренесува Си-Ен-Ен.

Сега знам дека луѓето чувствуваат и доживуваат низа емоции во моментов. Сфаќам. Но, ние мора да ги прифатиме резултатите од овие избори – нагласи таа во обраќањето.

Харис исто така сподели дека го повикала новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја признае трката и му нагласила дека „ќе се вклучиме во мирен трансфер на власта“.

Потпретседателката Харис во средата излезе на сцената на Универзитетот Хауард за да го одржи својот говор по победата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп против неа на изборите во 2024 година.

Реков дека ќе има мирен трансфер на власта. Ние се придржуваме до принципот на мирен трансфер на власта. Ова ја разликува демократијата од монархија и тиранија. Ние му должиме лојалност не на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав. Признавам пораз, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода… Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од тоа Американците да можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избор, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство – дополни таа.