Дваесетгодишен скопјанец е приведен под сомнение дека со закана со остар предмет се обидел да ограби спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар.
Од СВР Скопје информираат дека на 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје.
Претходно во полиција било пријавено дека во спортска обложувалница, осомничениот со закана со остар предмет се обидел од вработената да одземе пари.
По пријавувањето на случајот, полицијата презела мерки и го пронашла и привела 20-годишникот.
Од СВР Скопје соопштуваат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, казниво по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
