Иако Facebook тврди дека се работи за неисправна промена на конфигурацијата која спречи речиси 3,5 милијарди корисници да пристапат на своите налози, аналитичарите ширум светот сè уште не веруваат на нивната изјава. Сите три теории укажуваат на тоа дека апликациите намерно не функционирале за да се отстранат некои проблеми.

Теорија бр. 1: Facebook сам ги исклучил сите сервери

Според една од можните теории, Facebook сам ги исклучил сите сервери за да го пронајде вирусот кој го поставиле хакерите. Со помош на тој малвер, засега непознати хакери украле речиси 1,5 милијарди податоци на корисниците на Facebook. Тие сега имаат пристап до лични податоци, е-маил адреси и телефонски број на луѓе ширум светот. поради ова, серверите биле исклучени на 7 часа – на техничарите им било потребно време за да го пронајдат вирусот и да го отстранат пред да предизвика уште поголема штета.

Теорија 2: Франсис Хауген

Второто можно објаснување кое се споменува е неодамнешното интервју на Франсис Хауген која ги откри сите тајни на компанијата Facebook. Таа беше вработена како менаџерка на компанијата.

-Она што го забележав одново и одново на Facebook е судир на интереси помеѓу она што е добро за јавноста и она што е добро за Facebook, и Facebook секогаш избира оптимизација за лични интереси само за да заработи што е можно повеќе пари“, вели Хауген.

Читајте наредно: Франсис Хауген е жената што го разоткри Facebook: Што знаеме досега?

Имаме докази од различни извори дека говорот на омраза, политичките говори кои споделуваат дезинформации на Facebook и нашите апликации влијаат врз целото општество низ целиот свет“, рече новинарот Скот Пели цитирајќи документ на Facebook.

Пред околу еден месец, Хауген поднесе најмалку осум жалби до Комисијата за хартии од вредност, наведувајќи дека компанијата крие истражување за своите недостатоци од инвеститорите и јавноста.

Теорија 3: Проблемот наречен Instagram

Еден од податоците кои Франсис ги изнесе во јавноста е влијанието на Instagram врз младите девојки. Ова е најзастапената теорија која го објаснува падот на апликациите.

Според мислењето на многумина, Instagram поставува нереални идеали за убавина и изглед на жените. Со оглед дека оваа апликацијата е најпопуларна меѓу младите корисници, се смета дека девојките на возраст од 12 до 22 години се обидуваат да изгледаат како моделите на Instagram и поради тоа имаат здравствени и други проблеми поради строгите диети, пластични операции и козметички третмани.

Наводно, Facebook ја прекинал работатата на своите платформи за да направи увид во содржината која е достапна на Instagram.