Да дојдете во градот херој, во градот Прилеп, каде што повеќе од 650 животи се загубија за ослободување од фашистичкиот окупатор, а од друга страна да ја менувате историјата и да викате дека навистина во тој момент немало окупатори, туку тие биле некои администратори кои воспоставиле административна власт во Македонија е нечовечки и навистина не е хумано. Ова го истакна денеска на Паркот на Револуцијата, Дејан Проданоски, носител на советничка листа за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Посебно не е ниту политички, ниту општествен момент да дојдете и да се поклоните во оваа Алеја на непобедените, а од друга страна пак политиката и креирањето на политиките да ги водите во насока во која што навистина ниту одговара на приликите кои биле во 1941-1944 година, ниту пак можете да го убедите македонскиот народ дека навистина тоа се случило во тој период.
Сигурно дека дел од овие прашања кои се отворени навистина треба да се вратат на петиките кои што беа зацртани во 1991 година, кога македонскиот народ си го даде својот глас и со повеќе од 92% се изјаснија за слободна, суверена и независна Република Македонија. Не можеме ние нашите граѓани да ги враќаме некаде каде што своите животи ги загубиле, а сега да правиме, пишуваме и испишуваме нови истории кои навистина не одговараат ниту на поднебјето, ниту на општеството, ниту на културата, ниту на идентитетот, на ниту едно прашање кое е отворено во ова наше општество.
Значи ние како ВМРО ДПМНЕ ја зацртавме патеката, не учествувавме на тој референдум кој бараше промена на уставното име и за сметка на тоа видовте дека и покрај сите ветувања кои значеја европска Македонија, Македонија во ЕУ останаа само едно празно ветување на хартија и една фотографија од ЕУ, останаа само едно празно ветување на хартија и една фотографија од авион, истакна Проданоски.