Талибанските власти во западната авганистанска провинција Херат им наредија на продавниците за облека да ги отстранат главите од куклите од излозите, тврдејќи дека се антиисламски.

Провинцискиот директор на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци, Азиз ул Рахман, изјави за ДПА дека главите „мора да се отстранат“. Сопствениците на продавници се обидоа да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го нарушуваат исламот затоа што не претставуваат „идоли“ туку се користат само за изложување облека за продажба, но не успеаја во тоа. Така, продавниците за облека почнаа да ги отстрануваат главите на куклите, во согласност со директивата.

Околу 20 отсто од продавниците веќе ја примениле уредбата.