Јапонскиот премиер Јошихиде Суга на состанокот на работната група ја официјализираше одлуката за продолжување на ограничувањата за работа на рестораните и другите услуги и за воведување вонредна состојба во префектурите Аичи и Фукуока.
Од 25 април на сила е трета вонредна состојба во Токио, кој ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци, како и во префектурите Осака, Кјото и Хјого.
На рестораните и баровите, сепак, ќе им биде забрането да служат алкохол и мора да бидат затворени до 20 часот.
За непочитување на забраната се казнува со парична казна од 300.000 јени (2.750 американски долари).