Продолжува генералката во Скопје. Багери, камиони и механизација интензивно работат во сите делови на градот. Се собира отпад, се мијат улиците, се расчистуваат јавните површини, а екипите работат и во ноќните часови.
Механизација на „Улици и патишта“ го чисти и коритото на Вардар од тиња и од ѓубре, а се чистат и косините на реката и централниот дел на кејот.
Истекува предизборното ветување на новиот градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски за чист град за 72 часа.
