Оваа акција пред само една недела ја најави координаторот на пратеничката група Никола Мицевски преку прес конференција, односно како што рече целта на ваквите средби е да се слушне гласот на граѓаните.
– Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење на тендери, а народот едвај врзува крај со крај. 60.000 луѓе останаа без работа само во последната година 6.200 фирми ставија клуч на врата. Половина милион луѓе живеат со две евра на ден. Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра. Вакцини се чекаа пет месеци. Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и заради неспособноста на власта, но и заради немање на вакцини. Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а земаа и кредити. Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи. Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија цигари, само затоа што се на раб на егзистенција. 214 светски криминалци, нарко босови на познати кланови и терористи добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, погребан е правниот систем, рече Мицевски.
Денеска по само една недела, пратениците имаат посетено над 150 села и разговарано со илјадници граѓани што е значителна бројка имајќи во предвид дека извесен период државата е во длабока здравствена, економска и политичка криза а граѓаните се повеќе се разочарани и заборавени од владејачката гарнитура.
Опозициска ВМРО-ДПМНЕ преку партиски соопштенија информира дека преку секојдневните средби на пратениците со граѓаните се слушаат нивните проблеми, но и големото разочарување и револт кон централната власт, како и гневот кон локалните власти кои изминатите речиси четири години не ги исполниле и реализирале ветените проекти за кои беа избрани.
Чувството на заборавеност од страна на владата, лошите политики, кризата со кои се соочува како државата, така и народот предизвикува недовербата во институциите, но и во власта да се зголемува, а како што велат сето тоа најпрво ќе се рефлектира на локалните избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори кои ги очекуваат се со цел промена на владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Деновиве се поактивен е и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, каде што оствари неколку средби со граѓаните низ градовите, но и состанок со Стопанската комора од Битола на која како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за лошата економска состојба во која се наоѓа бизнис секторот, а се слушнале и нивните предлози за кои Мицкоски посочи дека учејќи од бизнис заедницата, од граѓаните на претстојните локални избори ќе се создаде квалитетна програма која што ќе ја реализираат, а за која најголема придобивка ќе имаат токму граѓаните.
– Генерално плоден состанок, учиме од бизнис заедницата, учиме од граѓаните, сакаме навистина како и секогаш да излеземе со квалитетна програма пред граѓаните, како и програма којашто ќе ја реализираме. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, таква била изминативе 30-тина години, така ќе продолжи и да се однесува и во иднина, очекуваме победа овде во Битола и продолжуваме денеска на состаноци со битолчани, изјави Мицкоски по состанокот со Стопанската комора во Битола.
Од искуствата во минатото, владејачката СДСМ не може да се пофали со ваков тип на акции каде што директно ќе има непосреден контакт со граѓаните од каде би можело да се слушнат нивните критики и пофалби за политиките кои ги спроведуваат, што доволно говори дека на СДСМ единствено интерес им е само зголемување на гласачката машинерија пред избори, но не и проблемите со кои се соочуваат граѓаните, како и нивните барања.
Kако што беше и претходно најавено акцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, „Пратениците со народот“ се до 30 мај ќе посетат 500тини села се со цел да стигнат до секој граѓанин, дури и до најоддалеченото место во државата.