Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17
пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во болниците во: Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.