Министерството за здравство информираше дека во изминатиот период биле поставени нови директори во неколку здравствени установи.
На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски.
Д-р Оливер Зафировски ќе раководи со Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија, а на Универзитетска клиника за детски болести за директор е именуван д-р Реџеп Мемеди.
Во Градска општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски, соопшти Министерство за здравство.