Политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина” на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денеска.
Според програма, во вториот ден предвидени се повеќе трибини, а на најголемиот дел отчет за сработеното ќе даваат градоначалниците од источниот, пелагонискиот, вардарскиот, југозападниот и југоисточниот регион.
Како што најавуваат од партијата, политичкиот саем ќе биде зокружен со трибина „Заклучоци“ на која завршно обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.