Приватните специјализанти и утринава го продолжуваат штрајкот, нема да одат на работа, ако меѓувреме од надлежните не добијат црно на бело план за нивно вработување и повисоки плати.

Тие веќе не дежураат и не одат во амбулантите затоа што ветувањето на министерот за здравство Илир Демир сѐ уште не е исполнето. Бараат покачување на нивните плати кои во моментот изнесуваат 26.000 денари, здравствено осигурување и да добијат договор за вработување.

Најавија дека нема да се откажат од штрајкот се додека не бидат исполнети нивните барања.

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси, но нема мерки што би можел да ги преземе до завршување на изборите за да им ги исполни.

Демири смета дека протестот на специјализантите, организиран токму во овој период, има политичка заднина.