Цената на биткоинот продолжи да расте откако американските власти донесоа мерки за да се спречат загубите предизвикани од банкротот на заемодавецот Silicon Valley Bank (SVB) да ја оштетат пошироката економија, пренесе Денар.

Цената на биткоинот порасна за 9,3 отсто за 24 часа, објави веб-страницата CoinGecko. Етерот, втората по големина криптовалута на пазарот, забележа пораст на вредноста од 4,8 отсто, пишува Financial Times.

Според податоците објавени на веб-страницата CoinMarketCap, најголемата криптовалута се продава по цена од 24.336 долари, додека вредноста на етерот е 1.673 долари, а раст забележале и останатите токени. Така, вредноста на догекоинот за еден ден порасна за 4,35 отсто, солана за 4,60 отсто, додека кардано имаше пораст на цената од 2,95 отсто.

Добивајте вести на Viber

Законодавните групи во Соединетите Американски Држави најавија дека ќе ги обезбедат сите депозити во SVB, додека владата на Велика Британија одобри финансиската компанија HSBC да откупи дел од работењето на банката на Островот на почетокот на неделата.