Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбите ќе се одржат во Националното собрание.
„Има таков народ“ нема да преговараат за имиња и позиции, туку само за идеи и политики.
За денеска на консултации се поканети партиите „Исправи се БГ! Доаѓаме!“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП), а за утре испратена е покана до Движењето за права и слободи.
Како што јави дописникот на МИА, досега е јасно дека на поканата ќе одговорат БСП и „Исправи се БГ! Доаѓаме!“
Претседателот на Бугарија Румен Радев ја охрабри БСП да ја поддржи владата на „Има таков народ“.
Најголемата парламентарна партија „Има таков народ“ вети дека ќе предложи влада, но предупреди дека тоа ќе се случи само доколку партиите поканети на разговорите направат компромиси и се обединат околу заедничките приоритети за Бугарија. Во спротивно, партијата што победи на изборите на 11 јули не ја исклучува можноста за нови трети парламентарни избори оваа година.
Од своја страна, претседателот Радев инсистираше овојпат да бидат исцрпени сите можности за формирање влада и рече дека нема да брза да го предаде првиот мандат за да им даде време на бугарските партии да разговараат за политиките на идната влада.