ДУИ заседаваа на централен комитет
Ќе ги употребиме сите демократски механизми за почитување на волјата на граѓаните, истакна партискиот портпарол Арбер Адеми коментирајќи ја изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека имал информации според кои ДУИ наесен преку протести планира дестабилизација на државата. Адеми истакна дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет, вистинскиот претставник во централната власт е токму нашата партија, дополни Адеми.
На Централното претседателство на ДУИ на кое присуствуваше најтесното партиско раководство, разговарано е и за барањето на ДУИ за ветинг на сите политичари но и за луѓето од судството, обвинителството и бизнисот.
На највисокото партиско тело на ДУИ се дискутира и за организирање на годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Реагира ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ повторно со обвинувања за ДУИ.
-Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата. ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем. Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони, се наведува во партиското соопштение.