Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили продолжиле со ракетни и артилериски напади врз украинските позиции во областа на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Гранатирањето на Харков продолжува, пренесува Интерфакс Украина. Се додава дека руските сили спроведуваат офанзивни акции на истокот на Украина, со цел, како што се наведува, воспоставување целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк и Луганск и обезбедување на копнениот коридор меѓу тие територии и Крим.