Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Дарија Андовска, реплицира на повикот од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, до сопартијците од владејачката партија за помирување и обединување.
„Повик во се-де-се-ме да се обединат, за да не потонеле еден до друг. Овој трик од 1976 година заработува многу пари!
Во што да се обедините? За што да се обедините? За што се борите? И што ве разедини? Да не е случајно земјава што ја запустивте? Да не се случајно болните што молат за лек? Да не се случајно пензионерите?
Да не се случајно земјоделците? Да не е случајно културата и уметноста? Да не се случајно условите за студентите, студентските домови? Да не се случајно учебниците? Да не се случајно европските цени и африканските плати?
Да не е случајно масакрот во правосудството, хоророт во болниците, ракот што го дишеме? Долга е низата да пишувам ‘смешки’. За што да се обединувате бе, муциња? Уште што можете да украдете и уништите?
Во што да се обедините, во која борба? Против сопствениот народ?“, прашува Андовска на Фејсбук.
Костовски преку истата социјална мрежа пред некој ден буквално крикна.
„Социјалдемократи, другари и другарки, или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време е за помирување и обединување“, апелира пратениикот од Куманово.