Професор од љубљанската гимназија во Бежиград е фатен како шмрка кокаин во тоалетот на матурска вечер, пишува Slovenske news.
Покрај тоа што шмркал кокаин, професорот наводно бил и многу пијан, на матурантите им се обраќал непримерно, се тетеравил, а во еден момент, според очевидци, дури и паднал.
Аленка Будихна, директорката на гимназијата Бежиград, потврди дека се свесни за обвинувањата и дека обвинувањата се вистинити. Професорот повеќе не работи во гимназијата.
„Во петокот имавме матура, а потоа во понеделник почнав да ги добивам овие информации. Веднаш го повикав работникот на разговор, му ја објаснив ситуацијата и веќе во вторникот тој престана да работи“, изјави директорот.
Инцидентот не се случил на официјалниот дел од матурската вечер, туку нешто подоцна, на афтер забавата на која се присутни само студенти.
Од училиштето велат дека професорот работел со нив од октомври минатата година и не немал никакво претерано однесување.