Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува период на променливо, но релативно топло време. Според најновите информации, утрешниот ден ќе биде најкритичен, со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Сепак, веќе од петок се очекува стабилизација. Викендот ќе помине со претежно стабилно време, но со умерен до засилен северен ветер кој ќе го обележи крајот на работната недела.
