Клиника Жан Митрев во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите. Иницијативата се реализира по повод месецот посветен на машкото здравје, со цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните лекарски контроли.
Промотивната понуда опфаќа прегледи и специјалистички услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија. По промотивни цени се достапни дијагностика на простатата, испитувања за остеопороза, дигитална дермоскопија на целото тело, тестирања за сексуално преносливи микроорганизми, како и одредени генетски и специјализирани лабораториски анализи.
Секојдневните обврски и погрешното уверување дека отсуството на тегоби автоматски значи добро здравје, многу често се главна причина посетата на лекар да се остави за подоцна. Превентивните контроли претставуваат можност навреме да се проценат здравствената состојба и индивидуалните ризици, а изборот на прегледи и дополнителни испитувања се прави во консултација со стручно лице, според возраста, семејната историја и индивидуалните потреби на пациентот.
Од Клиника Жан Митрев ја нагласуваат суштинската важност на редовните здравствени контроли и навремената консултација со соодветен специјалист. Преку ноемвриските промотивни цени, клиниката настојува да го олесни пристапот до медицинските прегледи и да поттикне поодговорен однос кон здравјето кај машката популација во секоја животна возраст.
Промотивните поволности важат во текот на целиот ноември, а сите детали за опфатените медицински услуги се достапни на официјалната страница на здравствената установа, додека информации и закажување се вршат преку контакт телефонскиот број.
