Нови промовирања
Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје промовирана е 24-та класа. Обуката успешно ја завршија 158 потпоручници, подофицери водници и слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин.
Традиционално на академијата се обучуваат и питомци од партнерски и сојузнички армии. Најуспешниот потпоручник на 24-та класа е од Црна Гора.
Се обрати претседателката
Врховниот командант, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека питомците стануваат старешини во период на глобална неизвесност, тензии и конфликти и дека како офицери на НАТО-Армија, од нив се очекува највисока професионалност во справувањето со безбедносните закани и придонес за колективната одбрана.
Продолжува модернизацијата на Армијата
Од одбраната порачаа дека ќе бидат поддршка на Армијата и ќе ја продолжат модернизацијата.
Воената академија образува старешини според сите стандарди на НАТО.