Како што соопшти МВР, полициските службеници, постапувајќи по претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје 1 при претрес во домот на пријавениот пронашле саксии со канабис и импровизирана просторија за одгледување на канабис.

По документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот Закон.