Вчера во 18: 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице.
– По извршениот увид било утврдено дека се работи за М.Л.(20) од Сирија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било подигнато и однесено во капела и по негови насоки дополнително ќе се постапува по случајот, се наведува во соопштението од полицијата.