Во дом во кој привремено престојувал, вчера попладне бил пронајден починат 54-годишниот Б.Ќ. од Велес. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, случајот бил пријавен во 17:00 часот. Веднаш била извршена увидна постапка.

Лекар од Итната медицинска помош кој пристигнал на местото на настанот ја констатирал смртта, при што не биле забележани видливи траги на насилство.

Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје

По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од СВР Велес засега не соопштуваат дополнителни детали, но истрагата е во тек.

Извор: Република