Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот клуб Валенсија одиграа нерешено 1:1 на домашен терен против составот на Осасуна, пропуштајќи шанса да забележат важна победа пред своите навивачи.

Гостинската екипа успеа прва да дојде до предност кога Гарсиа во 63. минута погоди за водство од 0:1, додека домашниот состав стигна до израмнување преку Дуро на петнаесетина минути пред завршницата на средбата.

По ова реми, составот на Осасуна се наоѓа на десеттото место на табелата, додека Валенсија се соочува со сериозни проблеми во домашното првенство со освоени тринаесет бодови и пласман на 16. позиција.

Македонскиот чувар на мрежата Димитриевски прикажа одлична претстава меѓу стативите и беше еден од најдобрите поединци на натпреварот со оценка од 7.2.