Полицијата врши увид, засега не се знае идентитетот на починатото лице

Во раните утрински часови, на градилиштето на „Мега Парк Иднина“ во Штип, градежни работници пронашле човечки труп. Засега не е утврдено дали станува збор за машко или женско тело.

Трупот бил откриен за време на градежните активности на фирмата ангажирана за изградба на паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека долж реката Брегалница.

  • „Локацијата на која е пронајдено телото претходно беше дел од бунарскиот систем за снабдување со вода за пиење во Штип“, информираат од надлежните служби.

Во моментов, на местото на настанот увид вршат полициски екипи и јавен обвинител, а од СВР Штип најавија дека во текот на денот ќе соопштат повеќе информации за случајот.