Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов извршија контроли во 18 угостителски објекти. Притоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје.

-Ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период, најави МВР.