Полицијата од СВР Скопје поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година, денеска ги привела Г.М. (40), Х.А.(19) и Е.Н. (23) од Арачиново, информираат од Министерството за внатрешни работи
Кај трите лица извршен е претрес на дом и други простории при што се пронајдени дигитална вага, марихуана, фантомки и други предмети.
Од МВР велат дека лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.