Денеска (04.01.2022) околу 00.30 часот во реонот на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило со движење. Набргу, на автопатот А1, во правец кон Скопје, на место викано „Мрзенска река”, возилото било пронајдено запрено, а во него се пронајдени 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан. Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.