Bозилото било управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило „лада“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бесправно исечени огревни дрва.

Во рамки на преземените мерки и активности, соопштија денеска од МВР, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени четири м3 бесправно исечени огревни дрва.

– Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица. За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението.