Полициски службеници од ОВР Неготино синоќа во 22 часот на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на село Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија.

Како што соопшти МВР, со лицата бил извршен службен разговор, по што биле сместени во Прифатно–транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

Полицијата работи на расчистување на случајот.