Интервенција на итната помош и полицијата

Синоќа, нешто пред 20 часот, во близина на рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид било пронајдено безживотно машко тело, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници кои започнале со увид.

Првични информации: нема траги на насилство

Според неофицијални информации објавени од порталот Охрид 1, на телото не се забележани видливи траги на насилство. Идентитетот на починатиот е утврден, а се работи за маж кој, според првични сознанија, имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека смртта настапила како последица на срцев удар.

СВР Охрид најавува повеќе детали по обдукцијата

Од СВР Охрид ја потврдија информацијата и информираа дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на целосната истрага и обдукцискиот извештај, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.