Сандев беше член во Судски совет на повеќе предмети на СЈО кои што се водат во судот, „Талир 1“ и „Талир 2“, „Топлик“, „Тендери“ и еден од најобемните „Титаник“. Со заминувањето на спорниот поротник овие судски процеси ќе треба да започнат од почеток кога ќе биде назначен нов судија поротник.
Од Кривичниот суд официјално велат дека не се известени за оваа одлука и најавуваат брифинг со претседателот на судот.
Претходно беше разрешен и судијата Горан Бошевски поради што уште три слуачи иницирани од СЈО ќе започнуваат од почеток, меѓу кои „Таекторија“ и „Шпански скали“. Во еден од нив, „Талир 1“, судија поротник беше Сандев, што значи дека пропаѓаат седум важни предмети кои ги водеше СЈО, а потоа ги презеде Јавното обвинителство.
Од судот соопштуваат дека е во тек распределба на предметите по кои досега постапувал судијата.