Кај вкупните депозити, забележан е минимален месечен раст. Просечната каматна стапка во април изнесува 0,90 проценти.
Во соопштението што денеска го објави Централната банка се наведува дека кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка е повисока за 0,15 процентни поени на месечно ниво и оти изнесува 4,09 проценти, а кај новопримените депозити изнесува 0,62 проценти и има месечен пад од 0,14 процентни поени.