Албанскиот премиер Еди Рама смета дека сложеноста на Западен Балкан е уште една причина зошто треба да се забрза процесот на воведување на регионот во Европската унија, јавува Радио телевизија на Албанија.

Рама, во говорот на самитот за глобален дијалог во Берлин, рече дека по почетокот на конфликтот во Украина, дури и најскептичните земји ја сфатиле геополитичката важност на Западен Балкан.

„По руската инвазија, дури и најскептичните, па дури и најоддалечените земји ја сфатија геополитичката важност на Западен Балкан. Западен Балкан има прилично тешка историја, но тие се во срцето на Европа. Не постои друго решение освен влез на Западен Балкан во ЕУ Комплексноста на Западен Балкан и денес е една од причините зошто треба да се забрза процесот на воведување во ЕУ“, рече Рама.