Цените на недвижнности во Белград се највисоки во регионот, пишува „Телеграф.рс“.Во српската престолнина цената на квадратот е просек 2.000 евра. Ова се должи на големата експанзија на градот и на странските инвеститори. Голем број на српските граѓни од внатрешноста се одлучуваат да купат стан во Белград. За 1.500 евра може да се најде стан единствено во подалечните населби како Миријево и Петлово и Баново брдо.
Во комплексот на „Белград на вода“ цената оди и до 10.000 евра а на Дорчол 4000.
Лани во Белград се продале недвижнини во вредност од четири милијарди евра.