Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Денес починаа 25 луѓе. Овие животи можеа да бидат спасени, доколку министерот за здравство Филипче обезбедеше вакцини. Имаме полициски час кој е воведен како алиби дека се прави нешто, но резултати нема. Главниот проблем е што немаме систем, а имаме скандали. Системот не функционира затоа што министерството за здравство има помешани приоритети.

Затоа градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира ПРОТЕСТ во сабота 27 март со почеток во 11.30 часот пред министерството за здравство.

Овој протест е под мото “Здравје, а не провизии!!!”- Оставка на Филипче! Одговорност затоа што здравството не функционира, затоа што не смее да се молчи на неправдите, грешките, немањето на одговорност, за системот кој не функционира. Не смееме повеќе само да се бројат жртвите и да останеме без одговор на губењето животи.

Аплауз за докторите, уаа за Филипче!“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ