Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на улицата Филип Втори Македонски, па по улиците 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, потоа по булеварот ВМРО и булеварот Илинден (пред Владата на Република Македонија) до завршување на протестот, најавено за 20.30 часот.
Од тие причини Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Протестниот марш е во организација на АМАНЕТ 1903 – Скопје под мотото „Заев – ти си предавник“.